Украинскиот фоторепортер и документарен режисер Макс Левин (40) е пронајден мртов во близина на главниот град Киев, изјави во саботата помошникот на претседателот Андриј Јермак.
Левин исчезнал на 13 март додека бил на задача.
– Исчезна во зоната на конфликтот во регионот на Киев на 13 март. Неговото тело беше пронајдено на 1 април во близина на селото Хута-Межихирска, недалеку од Киев – напиша Јермак на Телеграм.
Институтот за масовни информации, невладина организација, се повика на прелиминарните наоди на обвинителството дека новинарот бил убиен со „два истрели“ од руската армија.
Според неговиот колега, тој бил со друг новинар, Алексеј Чернишов.
Се уште не се знае каде е Чернишов.
Левин, татко на четири деца, работел со украински и меѓународни медиуми.
За време на борбите меѓу украинските сили и сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина во 2014 година, тој успеа да побегне од околината во градот каде што беа убиени стотици украински војници.