петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прославата на Новата година во светот со огномет и големи мерки за обезбедување

Прославата на Новата година во светот со огномет и големи мерки за обезбедување

Со спектакуларни огномети и прослави на улици во градови ширум светот одбележено беше доаѓањето на Новата година.

Најголемата зграда во светот Бурџ Калифа во ОАЕ повторно е средишна точка за прославата на Нова година иако властите оваа година одлучија да нема огномет, на зградата беше поставено огромно лед-осветлување. Тоа е дел од безбедносни мерки, а на дисплејот поставен на источната страна од 828 метри високата зграда, прикажана е арапска калиграфија, геометриски шари и портрет на шеикот Заед кој беше прв претседател на државата.

Во САД на популарните градови голем број дочекуваат Нова година на улици, а во Њујорк на Тајмс сквер.

Во Париз десетици илјади граѓани и туристи ја дочекаа Новата година на булеварот Шанзелиле. Дочекот беше со големи безбедносни мерки бидејќи државата беше погодена со низа терористички напади во изминатите години. Околу 100.000 полицајци и 40.000 припадници на обезбедување се распоредени ширум државата.

Во Австралија Новата година беше дочекана со голем огномет и иако имаше големо обезбедување, властите наведоа дека немало посебни причини за тревога.

Новата година стигна и на Нов Зеланд каде граѓаните на улици и плажи ја дочекаа со огномет.

Во Русија Новата година се одбележува во 11 часовни зони и граѓаните присуствуваа на огномети и покрај времето не беше толку празнично поради ниските температури.

Во Јапонија голем број граѓани го прославија дочекот на Новата година во храм во Токио каде точно на полноќ по локално време ѕвонеа големи ѕвона точно 108 пати.

Во Индија се засилени мерките поради неодамнешните инцидентина југ во државата, а распоредени се 15.000 полицајци кои користат и дронови и видео камери.

На Филипини пред полноќ имаше неколку повредени луѓе од огномет. Во таа држава се верува дека гласното одбележување на Нопвата година одбива несреќи и лоши духови, но отишле во крајност бидејќи користат пиштоли и огнено оружје на дочекот не стравувајќи дека ќе бидат уапсени.