понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Протест поради лошиот квалитет на воздухот во Букурешт

Протест поради лошиот квалитет на воздухот во Букурешт

Десетици Романци денеска протестираа поради лошиот квалитет на воздухот во Букурешт, кој е еден од најзагадените градови во Европа.

Демонстрантите со медицински маски на лицата протестираа пред Градското собрание.

Букурешт има 2,1 милиони жители, лоши патишта, ограничен паркинг простор и 1,25 милиони регистрирани автомобили.

Градското собрание соопшти дека работи на унапредување на квалитетот на воздухот, унапредување на системот на јавен превоз, поттикнување на алтернативниот превоз и казнување на лица и компании за незаконско фрлање на ѓубре.

МИА