Илјадници демонстранти од движењето „жолти елеци“ се собраа 14-та сабота по ред во центарот на Париз.
Протестот се одржува под зајакнати безбедносни мерки, иако неколку претходни собири во францускиот главен град беа мирни.
Првите демонстранти се собраа на симболичната локација во близина на Триумфалната порта, од каде тргнуваат кон Ајфеловата кула движејќи се низ париските улици.
Друг протест, кој е планиран за денеска, се организира против антисемитските вандалски чинови во последните неколку недели, кои предизвикаа загриженост во целата земја. Некои од „жолтите елеци“ преку интернет, но и за време на протестите, изразија антисемитски гледишта, што предизвика загриженост кај француските власти дека протестите се радикализираат.