вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Протести во Франција: 111 приведени, повредени 154 полицајци

Протести во Франција: 111 приведени, повредени 154 полицајци

Група од 111 лица се приведени влера на протест против пензиската реформа во Франција, соопшти МВР на Франција.

Повредени се 154 полицајци и жандарми, од кои некои потешко.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин изрази поддршка за полицијата, жандармите и пожарникарите кои ги штитат демонстрантите и јавниот и приватниот имот. Дарманен вчера распореди повеќе од 11.000 полицајци.

Околу 570.000 луѓе демонстрираа вчера во Франција, од кои 57.000 во Париз, на 11-тиот ден од протестите против пензиската реформа.