сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Противничка на војната во Украина упадна во рускиот дневник (ВИДЕО)

Противничка на војната во Украина упадна во рускиот дневник (ВИДЕО)

Жена во понеделникот вечерта упадна во најгледаната рска информативна емисија влегувајќи во кадарот со транспарент проти војна во Украина,

Невладинта организација ОВД-инфо, која жената ја претстави како извесна Марина Овсјаникова, вработена во руската телевизја, објави дека таа била приведена во полициска станица.

Сцената се одигра во текот на вечерната информативна емисија „Время“ на првиот канал, која секој ден ја следата милиони Руси. Додека позната водитела Екатерина Андреева ги читаше вестите, Овсјаникова се појави зад неа со транспарент на кој пишуваше „„Не на војната. Не ѝ верувајте на пропагандата, Тука ве лажат. Русите се против војната“.

Водителката проролжи со читањето на вестите неколку секудни а потоа програмата брзо мина на репортажа и го прекина директниот пренос.

„Интерната истрага е отворена за овој инцидент“ со „пафицистичка содржина“, објави телевизијата.

Неодамна во Русија беше донесен закон кој одредува и до 15 години затвор со што се казнува отна што законодавците го оценуваат како „лажни информации“ за руската војска.

Спроед ОВД-инфо повеќе од 14.100 лица се приведени изминатите десет дена поради изразување несогласувања на непријавени и неодобрени според законот јавни собири со руската одлука за почнувањео на „специјалната воена операција“ во Украина.

Овсјаникова , која пред упадот снимила видео.

Овсијаникова, исто така, објави видео на нејзините канали на социјалните мрежи во кое ја изразува својата срам што работи за Канал 1 и шири „пропаганда на Кремљ“.

„За жал, неколку години работев на Канал 1 и работев на пропаганда на Кремљ, многу ми е срам од тоа во моментов. Се срамев што ми дозволија да кажувам лаги од телевизискиот екран. Се срамам што дозволив зомбификација на рускиот народ. Молчевме во 2014 година кога ова само што почнуваше. Не излеговме да протестираме кога Кремљ го отру Навални“, рече таа.

„Ние само немо го гледаме овој античовечки режим. И сега целиот свет се сврте против нас и следните десет генерации нема да можат да се исчистат од срамот на оваа братоубиствена војна“.

Облечена во ѓердан во сина и жолта боја на украинското знаме, Овсијаникова во својата видео изјава рече дека нејзиниот татко е Украинец, а нејзината мајка Русинка.

„Она што се случува во Украина е злосторство, а Русија е агресорот“, рече таа. „Одговорноста за оваа агресија лежи на рамениците само на една личност: Владимир Путин“.

Таа ги повика сонародниците Руси да се приклучат на антивоените протести со цел да се стави крај на конфликтот. „Само ние имаме моќ да го запреме сето ова лудило. Одете на протести. Не плашете се од ништо. Не можат сите да нѐ затворат“.