четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прв случај во Грција на хоспитализација на заразен со делта сојот

Прв случај во Грција на хоспитализација на заразен со делта сојот

Монах од Света Гора е првиот случај во Грција на хоспитализација на Интензивна нега на лице заразено со делта сојот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, 49-годишниот монах не бил вакциниран, а веќе е приклучен на апарати и е во сериозна состојба.

Досега, во Грција е регистриран вкупно 121 случај на делта сојот.