Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот Владимир Путин ќе разговараат телефонски во сабота на 12 февруари, соопшти вечерва Кремљ.
Оваа информација ја потврди портпаролот на Кремљ Димитри Песков. Рускиот претседател телефонски ќе разговара и со францускиот колега Емануел Макрон, со кого се сретна на 8 февруари.