среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Путин и Џонсон вечерва телефонски ќе разговараат за Украина

Путин и Џонсон вечерва телефонски ќе разговараат за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва телефонски ќе разговара со британскиот премиер Борис Џонсон за две клучни теми: решавање на украинската криза и безбедносни гаранции, најави рускиот помошник на претседателот за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков.

-Ова е внатре-украинско решение, со оглед на вчерашната посета на Џонсон на Киев. Ќе разговараме и за нашите сеопфатни предлози за долгорочни гаранции за безбедноста на Русија, рече Ушаков, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека двајцата лидери ќе допрат и некои прашања од билатералната соработка, која, како што оцени, сега е на многу, многу ниско ниво.

Претходно Кабинетот на британскиот премиер соопшти дека премиерот Борис Џонсон очекува телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Подоцна, во медиумите се појавија информации дека британската страна, по објавувањето на извештајот за забавите одржани во владината резиденција во Даунинг стрит за време на карантинот, побарала од руската страна да го одложи разговорот меѓу двајцата лидери закажан за понеделник. Разговорот потоа беше одложен.

На крајот на 2021 година Русија објави нацрт-договори со САД и договори со НАТО за безбедносни гаранции. Москва особено бара правни гаранции за запирање на натамошното проширување на НАТО на исток, пристапувањето на Украина во тој сојуз и воспоставување воени бази во постсоветските земји.