сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ракети истрелани од Газа кон Израел

Ракети истрелани од Газа кон Израел

Продолжија да се истрелуваат ракети од Појасот Газа кон израелските погранични градови денеска, во услови на големи израелски копнени операции на затворената палестинска територија.

Предупредувачките сирени се огласија неколку пати во населбите во близина на границата со крајбрежниот појас, соопшти израелската Армија.

Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на исламистичката организација Хамас која владее со Газа, ја презеде одговорноста за пукањето врз селото Зиким.

Израел му објави војна на Хамас откако тие ги нападнаа израелските заедници на 7 октомври.