четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

РАНЕТ ДОДЕКА ИЗВЕСТУВАШЕ ОД КИЕВ: Новинар на Фокс њуз е хоспитализиран, се бараат информации

РАНЕТ ДОДЕКА ИЗВЕСТУВАШЕ ОД КИЕВ: Новинар на Фокс њуз е хоспитализиран, се бараат информации

Репортерот на Фокс њуз, Бенџамин Хол, кој вчера беше повреден додека известуваше од околината на Киев, е хоспитализиран, објави американската медиумска куќа, пренесе АП, а пренесува Танјуг.

Хол работи како дописник од Вашингтон и го покрива американскиот Стејт департмент за Фокс њуз, каде што работи од 2015 година.

– Засега имаме малку детали, но Бен е хоспитализиран и нашите тимови на терен работат на собирање дополнителни информации бидејќи се се случува со голема брзина – изјави извршната директорка на Fox News Media Сузана Скот во порака до вработените во медиумската куќа.