четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рано е да се шпекулира дали Русија ќе се меша во зачленувањето на Финска во НАТО, смета Европската комисија

Рано е да се шпекулира дали Русија ќе се меша во зачленувањето на Финска во НАТО, смета Европската комисија

Европската комисија смета дека е прерано да се зборува за тоа како Русија ќе реагира на процесот на зачленување на Финска и Шведска во НАТО, јави дописничката на МИА од Брисел.

Финска и Шведска се подготвуваат во следните денови официјално да аплицираат за членство во НАТО, процес кој би требало да се одвива брзо и лесно, поради високиот степен за усогласеност и интероперабилност на овие две земји со Северноатлантската алијанса.

Но во тој период Хелсинки и Стокхолм стравуваат од можно мешање од страна на Москва како сајбер или хибридни напади.

На новинарско прашање како би се поставила Европската Унија во случај на таков напад пред полноправно членство во НАТО, портпаролката за надворешни работи, Набила Масрали, изјави дека е рано да се каже.

-Ова е хипотетичко прашање и премногу е рано да се одговори, рече кусо таа.

Масрали изјави дека одлуката за зачленување во НАТО е суверена одлука на земјата кандидат и на 30-те земји членки на НАТО. (МИА)