Мексиканскиот рапер, Кристијан Омер Палма Гутјерез, кој неодамна и призна на полицијата дека со својата банда киднапирал и убил тројца студенти, а потоа ги уништил нивните тела во киселина, признал уште три убиства.
Гутјерез признал дека ги мачеле и ги убиле студентите на филмски студии Салоном Ачевес Гастелеум, Даниел Дијаз и Марко Авалос, а потоа нивните тела ги ставиле во киселина за да се ослободат од нив.
Студентите биле киднапирани на 19 март во Гвадалахара додека работеле на филмски проект за факултет, но на локација која очигледно била под контрола на нарко-картел.
Откако полицијата на истата локација пронашла уште човечки останки, Гутјерез признал дека учествувал уште во три убиства.
Поранешниот рапер за својата работа примал 3.000 пезоси неделно (159 долари) и открил дека за нарко картелот Халиско Нова, кој е еден од најмоќните во Мексико, тој започнал да работи пред три месеци.