недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на повратници во Украина

Расте бројот на повратници во Украина

Од почетокот на војната во Украина во Полска влегле 2.675.000 лица, соопшти денеска Полската погранична стража.

Бројот луѓе што ја минуваат границата со Полска последните седмици значително опадна, додека расте бројот на оние што се враќаат во Украина.

Во текот на вчерашниот ден во Полска влегле 28.500 лица, два отсто помалку споредбено со саботата. Тоа е значително помалку од рекордот поставен на 6 март кога границата ја минаа 142.300 бегалци од Украина.