Бројот на загинати во експлозијата во рудникот за јаглен во Чешка се зголеми на 13 жртви, јави националната информативна агенција.
Претходните информации беа за најмалку петмина загинати рудари и осуммина се водеа како исчезнати. Вкупно 10 рудари се повредени.
Портпарол на компанијата ОКД која управуа со рудникот, изјави дека речиси е сигурно оти загинатите се Полјаци, кои биле ангажирани од полската компанија Алпекс.
Експлозијата на метан се случила доцна синоќа во рудникот ЧСМ во близина на чешкиот град Карвина, на околу 300 километри од Прага.