понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на жртви во самоубиствениот бомбашки напад во пакистанска џамија

Расте бројот на жртви во самоубиствениот бомбашки напад во пакистанска џамија

Најмалку 45 верници загинаа во денешниот самоубиствен напад во џамија во северозападниот пакистански град Пешавар, а 65 лица се повредени, од кои многумина се во критична состојба, соопшти локалната полиција.

Шефот на полицијата во Пешавар, Мухамед Ејаз Кан, изјави дека насилството започнало кога двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз полицијата пред џамија во стариот дел на Пешавар.

Во престрелката загинале еден напаѓач и еден полицаец, а уште еден полицаец е ранет. Вториот напаѓач потоа влетал во џамијата и активирал бомба.

Претставникот на локалната полиција Вахид Кан изјави дека експлозијата се случила додека верниците се собирале на молитва во џамијата Рисалдар Хаус, и додаде дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми бидејќи многумина се повредени во критична состојба.

Во моментот на експлозијата во џамијата имало најмалку 150 верници.

Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата.