Неименувана 15 годишна ученичка во едно училиште на северот на Индија пријавила во полиција дека ја силувале учител и врсници во училиште. Како што кажала, ја силувале 16 другари и тројца наставници.
Да биде работата уште полоша, нејзините врсници кои биле обвинети за сексуално злоставување, истакнале дека првиот пат ја силувале, а после тоа „соработувала“ за време на сексот.
Ануј Кумар, инспектор од областа Бихар, истакнал дека девојчето на почетокот го силувале три до четири деца, за секој нареден пат да им се приближат останатите врсници, а потоа и професорите.
Од страна на полицијата уапсени се четири деца и два наставника и истакнуваат дека е покрената истрага. Тие на сослушувањето признале дека првиот пат ја силувале, а дека после тоа „соработувала“, односно не се бранела.
Силувањата во Иднија, се редовна појава, а власта неуспешно се бори со тоа. Владата во април донесе закон според кој на силувачите им се изрекува смртна казна, ама тоа изгледа засега е само на хартија.
Статистиката покажува дека во Индија дневно има околу 100 сексуални напади.