четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Разузнавачи информации на САД посочуваат на Русија како виновник за уривањето на браната Нова Каховка во јужна Украина

Разузнавачи информации на САД посочуваат на Русија како виновник за уривањето на браната Нова Каховка во јужна Украина

САД имаат разузнавачки информации што водат кон тоа дека Русија е виновникот за нападот на браната во Украина, соопшти Ен-би-си повикувајќи се на еден западен службеник и двајца службеници на САД.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден работи на тоа да декласифицира дел од разузнавањето и да го сподели во вторник попладне.

Мотивот за експлозијата на браната сè уште се оценува, но се чини дека со уривањето преминувањето на реката за украинските сили ќе биде потешко и исто така претставува тежок хуманитарен предизвик, изјавиле западните официјални лица. (МИА)