петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Речиси цела Влада на Исланд во карантин

Речиси цела Влада на Исланд во карантин

Девет од 11 членови на исландска влада, меѓу кои и премиерката Катрин Јакобсдотир се во карантин откако вечерале во хотел во кој имало инфекција на коронавирус.

Премиерката и министрите ќе треба да бидат тестирани двапати, соопштија од кабинетот на премиерот.

Неколку лица кои престојуваат во хотелот „Ранга“ биле заразени со коронавирус, а министрите вечерале во тој хотел на 18 август.

Од 10 случаи на коронавирус во Исланд вчера, седуммина се регистрирани во тој хотел, пренесува порталот „Рејкјавик грејпвајн“.

Секој што присуствувал на вечерта мора да помине два рунда на тестирање.

Додека ги чекаат резултатите од тестот, министрите треба да останат дома и да работат од далечина.