На нешто повеќе од еден месец до среднорочните избори во САД, закажани за ноември, американските демократи му даваат поддршка на претседателот Џо Бајден, меѓутоа, мнозинтсвото граѓани не веруваат дека земјата оди по исправен пат.
Според најновата анкета на Ен-пи-ар/Марист, рејтингот на Бајден се зголемил до 44 отсто, што е подобрување трет месец по ред, откако во јули беше намален до 36 отсто.
Иако има релативно зголемување на неговата доверба, сепак, од анкетата се дознава дека седум од десет испитаници одговориле дека земјата оди во погрешна насока, и дека инфлацијата и натаму е главниот проблем за кој гласачите ќе размислуваат кога ќе треба да го уфрлат гласачкото ливче во ноември.
Од анкетата, исто така, се дознава дека како републиканците, така и демократите се мотивирани да гласаат масовно оваа изборна сезона, пред се поради укинувањето на гарантираното право за абортус од страна на Врховниот суд, во јули годинава. (МИА)