Русија го предупреди НАТО дека доколку Финска и Шведска се приклучат кон Алијансата, ќе следи нивен одговор на Балтикот.
-Не може повеќе да се зборува за статус без нуклеарно оружје на Балтикот, мора да се постигне рамнотежа. До денеска Русија нема преземено такви мерки и не ни имаше намера, изјави заменик директорот на рускиот Советот за национална безбедност, Дмитриј Медведев.
Финска и Шведска вчера направија голем чекор за приклучување кон НАТО, откако премиерите на двете земји соопштија дека руската инвазија врз Украина го промени „целиот безбедносен пејсаж на Европа и драматично го обликуваше начинот на размислување во нордиските земји“.
Финската премиерка Сана Марин кажа дека нејзината земја, која дели 1.300 километри граница со Русија, ќе одлучи дали ќе поднесе барање за пристапување во Алијансата „многу брзо, можеби за неколку недели, а не за месеци“, и покрај ризикот да ја налути Москва.