четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русија не успеа да ја превземе контролата врз електраната во Вулехирск, борбите продолжуваат

Русија не успеа да ја превземе контролата врз електраната во Вулехирск, борбите продолжуваат

Руските сили не успеаја да ја преземат контролата врз втората по големина електрана во Украина во Вулехирск, североисточно од Доњецк, соопшти Генералштаб на украинската армија, додавајќи дека руските трупи се обиделе да напредуваат западно од градот Лисичанск, но биле одбиени.

Додека во руското гранатирање на јужниот град Никопољ на реката Дњепар загина најмалку едно лице. Врз Никопољ минатата недела беа истрелани повеќе од 250 ракети, при што се оштетени 11 објекти, уништени се гасоводната и водоводната мрежа, како и железничката пруга.

Украинските власти соопштија и дека армијата опколила повеќе од илјада руски војници во регионот Херсон во јужна Украина. (МИА)