Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот француски колега Емануел Макрон дека демилитаризацијата на Украина и западното признавање на рускиот суверенитет над полуостровот Крим се предуслов за прекин на борбите во Украина, соопшти Кремљ.
– Владимир Путин истакна дека решението е можно само доколку безусловно се земат предвид легитимните безбедносни интереси на Русија, вклучително и признавањето на рускиот суверенитет над Крим, демилитаризацијата и денацификацијата на украинската држава и обезбедувањето на нејзиниот неутрален статус, се вели во соопштението на Кремљ по денешниот телефонски разговор меѓу Путин и Макрон.