сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русија почна да користи тенкови Т-14 во Украина, вежба на подморниците во Јапонското Море

Русија почна да користи тенкови Т-14 во Украина, вежба на подморниците во Јапонското Море

Русија почна да ги користи своите нови тенкови Т-14 Армата за да ги гаѓа украинските позиции „но тие сè уште не учествувале во директни офанзивни дејства“, а руските подморници во Јапонското Море потопија лажна непријателска подморница во рамки на воените вежби, објавија денеска руските агенции.

Тенковите биле засилени со дополнителна заштита на крилата додека нивните екипажи биле подложени на процес на „борбена координација“ на местата за обука во Украина.

Тенкот Т-14 има купола во која немора да има човек, но екипажот далечински го управува оружјето од „изолирана оклопна капсула лоцирана пред трупот“.

Тенковите на автопат можат да достигнат максимална брзина од 80 километри на час. (МИА)