понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русија со ултиматум до Украина за одлука за преговорите во Белорусија

Русија со ултиматум до Украина за одлука за преговорите во Белорусија

Русија им даде краен рок на украинските власти до 15 часот по локално време денеска за да се одлучат дали ќе дојдат на разговори во белорускиот град Гомел. Владимир Медински, шеф на руската делегација и помошник на претседателот Владимир Путин, изјави за државни медиуми дека ќе останат до даденото време и ќе чекаат одговор.

-Штом ќе ја добиеме оваа потврда, веднаш ќе тргнеме да се сретнеме со нашите колеги во преговорите, рече Медински.

„Ние се залагаме за мир“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денска нагласи дека би бил подготвен да разговара со Русија, но го отфрли нивниот предлог за средба во Белорусија.