понеделник, 8. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Русија соопшти дека нападнала уште украински енергетски цели

Русија соопшти дека нападнала уште украински енергетски цели

Русија употреби оружје со висока прецизност за да изврши дополнителни напади врз украинската енергетска инфраструктура заедно со воени цели, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

– Сите целни објекти се погодени, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесува ДПА.

Тој додаде дека Русија извршила напади во регионите Харков, Доњецк и Херсон. Украинските вооружени сили продолжуваат со напредувањето во Херсон, кој главно е под контрола на руските трупи, рече тој.

Нападите на руските тенкови и нанесоа тешки удари на украинската војска, а единиците на Киев потоа се разотидоа, рече Конашенков, тврдејќи дека руските сили ги држат нивните позиции.

ДПА нагласува дека информациите не можат да се потврдат независно.