петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русија вечерва го гранатираше украинскиот град кој се вика исто како македонскиот

Русија вечерва го гранатираше украинскиот град кој се вика исто како македонскиот
фото илустрација

Руските сили извршија ракетен напад на територијата на Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, во украинскиот град Виница.

„Денеска, 25 март, околу 16:30 часот, руските окупатори извршија ракетен напад врз територијата на командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина во Виница“.

„Русите истрелаа вкупно шест крстаречки ракети. Некои од нив беа соборени од единиците за противвоздушна одбрана. Остатокот погоди неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата“, објави Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Фејсбук.