вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Русија веќе нема да биде дел од Европската конвенција за човекови права

Русија веќе нема да биде дел од Европската конвенција за човекови права

Од 16 септември Русија веќе нема да биде договорна страна на Европската конвенција за човекови права, бидејќи неодамна беше исфрлена од Советот на Европа поради инвазијата врз Украина.

Комитетот на министри на Советот на Европа денеска усвои резолуција со која се потврдува дека Русија ќе престане да биде дел од Европската конвенција за човекови права по истекот на шест месеци од исклучувањето од таа организација.

Согласно резолуцијата што ја усвои вчера, Европскиот суд за човекови права до 16 септември годинава ќе ги разгледа тужбите против Русија во врска со наводните прекршувања на Конвенцијата, соопшти Советот на Европа.

Комитетот на министри ќе продолжи да го следи извршувањето на пресудите и пријателските спогодби, а Русија е должна да ги спроведе.

Според денешната резолуција на Комитетот на министри, меѓу другото, Русија повеќе нема право да биде претставена во тоа тело, во Парламентарното собрание на Советот на Европа, ниту во кои било помошни органи или тела.

Комитетот на министри на Советот на Европа на вонредна седница на 16 март одлучи Русија веднаш да престане да биде членка, по 26 години во таа организација. (МИА)