петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Русите истрелаа повеќе од 30 проектили врз Украина

Русите истрелаа повеќе од 30 проектили врз Украина
илустрација

Руска ракета утрово погоди нестанбена зграда во областа Холосиев во Киев при што загина најмалку едно лице, а уште две се повредени, јави Киев Пост повикувајќи се на градоначалникот на Киев.

Украинската воздушна одбрана утрово пресретнува руски напади откако московските сили истрелаа повеќе од 30 проектили врз Украина, соопшти украинското воздухопловство.

Портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат на украинската телевизија изјави дека околу шест руски авиони Ту-95 „полетале од рускиот регион Мурманск и лансирале проектили“.

-Очекуваме повеќе од 30 проектили, кои веќе почнаа да се појавуваат во различни региони, рече Ихнат, додавајќи дека украинската воздушна одбрана работи на пресретнување на нападите.

Некои проектили го погодија западно-централниот украински регион Винитсија, соопшти гувернерот Серхиј Борзов на Телеграм, но нема информации за жртви.

Шефот на градската воена управа на Киев, Серхиј Попко, исто така на Телеграм соопшти дека повеќе од 15 крстосувачки ракети биле лансирани „во правец на Киев“ и сите биле соборени.

Во цела Украина во сила е тревога за воздушен напад.  (МИА)