Руската војска, наводно, ја уништила термоцентралата во Киев, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, што е знак дека таа е насочена кон критичната инфраструктура во главниот град, јави „Гардијан“.
Оваа објави следуваше по друг извештај на Кличко дека пет експлозии се слушнале во период од три до пет минути во близина на електрана лоцирана северно од Киев, јави „Телеграф“.
-Службите за итни случаи работат. Ги дознаваме деталите. Ситуацијата сега, без претерување, е заканувачка за Киев. Ноќта ќе биде многу тешка, истакнал градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко.