Пратеникот во украинскиот Парламент, Олексиј Гончаренко соопшти дека Русија извршила голем напад во текот на ноќта.
– Истрелаа 32 проектили кон енергетските постројки. 16 проектили беа соборени од одбранбените сили, напиша Гончаренко на социјалните мрежи.
Украинската армија потврди дека во текот на ноќта и рано утрово соборила 16 руски ракети.
Гончаренко додаде дека 22 проектили сепак стигнале до целта.
– Немаме оружје да ги собориме, нагласи тој.
Утрово е погодена и важна инфраструктура во Лавов, соопшти регионалниот воен претставник Максим Козицки. Повредени нема, а пожарот кој избувнал веќе е изгаснат.