сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русите тврдат дека откриле чија ракета паднала врз Полска

Русите тврдат дека откриле чија ракета паднала врз Полска
ФОТО: Twitter/Amichai Stein

Руското Министерство за одбрана објави дека експертите идентификувале фрагменти од ракети на снимката од местото на експлозијата во Полска и наведуваат дека тие се „идентификувани како елементи на украинскиот С-300“.

Да потсетиме, во вторникот вечерта паднаа две ракети во село во Полска, при што загинаа две лица.

Се верува дека ракетите се од руско производство, но се уште не е јасно „од каде и како“ пристигнале на територијата на членките на НАТО.

Полското Министерство за надворешни работи веднаш по инцидентот соопшти дека паднале ракети од руско производство, а амбасадорот бил поканет на разговор.

Во исто време, претседателот на Полска, Анджеј Дуда истакна дека се уште нема точни информации.

Министерството за одбрана на Русија синоќа посочи дека армијата не гаѓала цели во зоната на украинско-полската граница и дека „сите изјави на Варшава за вмешаност на Москва се провокација“.

Според американскиот претседател Џо Бајден по итниот состанок на лидерите на земјите од Г7 и НАТО, прелиминарните податоци не потврдуваат дека паднатиот проектил полетал од Русија.