недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Русите влегле во Чернобил, Украинците ги даваат своите животи да не се повтори трагедијата: Ова е објава на војна против цела Европа!

Русите влегле во Чернобил, Украинците ги даваат своите животи да не се повтори трагедијата: Ова е објава на војна против цела Европа!

Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат АЕЦ Чорнобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Ова го пријави @SwedishPM. Ова е објава на војна против цела Европа, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер.

Во борбите можеби е оштетен објектот за складирање нуклеарен отпад во Чернобил, пренесуваат американски медиуми.

АФП пренесува изјава на украинскиот функционер дека борбите се водат во близина на нуклеарната централа во Чернобил.

Инаку, во 1986 година, нуклеарниот реактор експлодира во Чернобил, а тој инцидент се смета за најголемата нуклеарна катастрофа во историјата.