четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русите за време на Евросонг го нападнале родниот град на украинските претставници

Русите за време на Евросонг го нападнале родниот град на украинските претставници

Родниот град на евровизиските претставници на Украина бил погоден од руски проектили само неколку моменти пред бендот Творчи да излезе на сцената во Ливерпул.

Градоначалникот на Тернопил, Серхиј Надал, изјави дека во нападот биле оштетени магацини, додека шефот на регионалната администрација Володимир Труш изјави дека најмалку две лица се повредени.

Само десет минути пред да излезат на сцената, Творчи на Инстаграм ги цитираа извештаите за нападот на Тернопил.

– Тернопил е името на нашиот роден град кој беше бомбардиран од Русија додека пеевме на евровизиската сцена за нашите челични срца, нескротливоста и волјата, изјавија по настапот.