четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Руски „Газпром“ продолжува да ја снабдува Европа со гас преку Украина

Руски „Газпром“ продолжува да ја снабдува Европа со гас преку Украина

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска објави дека ќе продолжи да ја снабдува Европа со гас преку територијата на Украина, во согласност со барањата на европските потрошувачи.

Компанијата објави дека барањата за испорака на гас остануват да се вршат низ територијата на Украина на редовна основа според барањата на европските потрошувачи односно 68,4 милиони кубни метри на 25 април, пренесува РИА Новости.

Договорните обврски на „Газпром“ за транзит кон Украина за оваа година изнесуваат 40 милијарди кубни метри или околу 109,6 милиони кубни метри дневно.

Според „Газпром“, транзитот низ Украина е блиску до тоа ниво од крајот на февруари односно благо се намалил за само неколку дена во средината на март.

Рускиот гас сочинува околу 40 отсто од увозот на природен гас во ЕУ.