четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Руски хакери се обиделе да ја саботираат украинската електрична мрежа, соопштија Украинските власти

Руски хакери се обиделе да ја саботираат украинската електрична мрежа, соопштија Украинските власти

Руски хакери минатата недела се обиделе да извршат кибер-напад врз електричната мрежа на Украина, соопштија денеска украинските власти и истражителите за кибер-безбедност.

Групата, која безбедносните истражувачи ја нарекоа „Песочен црв“ (Sandworm) и претходно се поврзувала со деструктивни кибер-напади од страна на Русија, инсталирала злонамерен софтвер на компјутерите што ги контролираат високонапонските трафостаници во Украина, соопшти украинскиот Компјутерски тим за одговор при итни случаи (ЦЕРТ-УА) на својата веб-страница.

– Организацијата која била цел на нападот доживеала два брана напади. Првиот се случил најдоцна до февруари 2022 година. Исклучувањето од електраните и демонтирањето на инфраструктурата на компанијата било закажано за петок вечер, 8 април 2022 година, се вели во соопштението на ЦЕРТ-УА.

Во соопштението се додава дека нападот бил спречен но не се открива кој украински снабдувач со електрична енергија бил цел на нападот.

Русија постојано ги негира наводите дека извршила кибер-напади врз Украина.

Словачката компанија за кибер-безбедност ESET соопшти дека соработувала со CERT-UA за да спречи напади и го опиша малициозниот софтвер како надградена верзија на злонамерна програма што предизвика прекин на електричната енергија во Киев во 2016 година.

Злонамерниот софтвер е дизајниран да ја преземе контролата врз компјутерските мрежи на снабдувачи со струја и да ја „прекине струјата“, објави ESET во блог пост. Заедно со него е инсталиран и друг злонамерен софтвер за да се забават обидите за враќање на напојувањето, додаде компанијата. (МИА)