Вооружените сили на Украина извршија артилериски напад врз нуклеарната централа Запорожје и предградието Енергодар, објавија дел од руските медиуми, повикувајќи се на изјави на локални претставници.
Засега не се знае дали при нападот е оштетена нуклеарната централа.
Минатата недела Русија и Украина меѓусебно се обвинуваа за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје.