понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Руски падобранци ќе одржат воена вежба во близина на границата со Украина

Руски падобранци ќе одржат воена вежба во близина на границата со Украина

Стотици руски падобранци оваа недела ќе одржат вежби во близина на украинската граница, соопшти руското Министерство за одбрана. Околу 1.200 војници и 250 возила, како и еден авион ќе учествуваат на вежбата, што ќе се одржи меѓу центрите за обука на Крим и блиската провинција Краснодар.

Министерството соопшти дека војниците ќе симулираат освојување област како дел од офанзивна операција.