четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Руските сепаратистички власти наредија итна евакуација на Херсон, поради напредокот на укранската контраофанзива

Руските сепаратистички власти наредија итна евакуација на Херсон, поради напредокот на укранската контраофанзива

Руските сепаратистички власти денеска наредија итна евакуација на градот Херсон поради напредокот на украинската контраофанзива.

Во објава на Телеграм, регионалните власти ги повикаа цивилите да се евакуираат со брод преку реката Дњепар. На тој начин тие би се повлекле подлабоко на територијата што ја контролира Русија бидејќи, како што се наведува, ситуацијата на фронтот е напната.

Администрацијата во Херсон, блиска до Кремљ, исто така објави дека се очекуваат бомбашки напади и „терористички напади“ од Киев.

Херсон е под руска контрола речиси од почетокот на инвазијата. Тоа е еден од регионите што минатиот месец беше припоен кон Русија со нелегитимен референдум.