САД издвојуваат уште 625 милиони долари воена помош за Украина. Капацитетите се испраќаат за да се направи разлика на военото поле и да се засили позицијата на Украина на идните преговори, јавија денеска од американскиот Стејт департмент.
-На ГС на ОН, претседателот Бајден стави јасно до знаење дека ние ќе го поддржиме народот на Украина толку време колку што е потребно. Неодамнешните случувања со лажните референдуми на Русија и обидите за анексија, како и новите откритија за бруталност врз цивилите направено на укранските територии претходно контролирани од Русија, уште повеќе ја зајакнуваат нашата решеност да помагаме, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.
Во сојузништво со нашите сојузници и партнери од 50 земји поставуваме оружје и опрема, што украинските сили ги користат ефективно за успеша контраофанзива, враќање назад на својата земја незаконски одземена од Русија.
Блинкен укажа дека го потпишува 22-от расход за американско оружје и опрема за Украина од август 2021 година.
-Овој расход од 625 милиони долари вклучува дополнително оружје, опрема, муниција од резервите на американското Министерство за одбрана. Со ова, вкупната досегашна помош за Украина доделана од оваа Администрација изнесува 17.5 милијарди долари, рече тој.
„Продолжуваме да стоиме зад народот на Украина во одбрана на нивната слобода и независност што го прават тоа со невидена храброст и безгранична одлучност, рече тој и додаде дека дека капацитетите се исраќаат за да се направи разлика на бојното поле и да се засили позицијата на Украина на идните преговари“.