САД констатираат промена на еланот кај украинските вооружени сили што се вклучени во контраофанзивата и во следните денови ќе соопштат за нова воена помош, најави денеска портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.
– Оставам на претседателот Володимир Зеленски да одлучи дали има влијание тоа што има пресврт на воениот план, но, јасно е дека барем во Донбас има нов елан, изјави Кирби, еден од портпаролите на Националниот совет за безбедност поврзан со претседателот Џо Бајден.
Како што тој истакна, САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, да бидат во близок контакт со Украинците и секој ден да разговараат со нив. Но, тој посочи дека се работи за војна, а оти војната е непредвидлива.
Според Кирби, големото количество опрема што САД ја испорачаа изминатите недели и месеци, се покажала важна и ефикасна за капацитетот на Украинците да преминат во офанзива и додаде дека новата помош ќе била објавена во „следните денови“.