петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД ќе објават оваа недела за купување оружје за Украина

САД ќе објават оваа недела за купување оружје за Украина

САД оваа недела ќе објават купување напреден одбранбен систем земја-воздух со среден до голем дострел за Украина, изјави за западни медиуми извор запознаен со тоа прашање. Како што наведе тој, се очекува Вашингтон да објави и друга безбедносна помош за Украина, вклучително и дополнителна артилериска муниција и радари за да се задоволат потребите на украинската армија.

Тоа оружје е најновата помош што САД и ја понудија на Украина, од почетокот на конфликтот во таа земја. Овој месец, претседателот Џозеф Бајден се согласи да обезбеди воена помош од 700 милиони долари за Украина, вклучително и напредни ракетни системи кои можат прецизно да погодат цели со голем дострел.