недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД најавија нов пакет санкции кон Северна Кореја

САД најавија нов пакет санкции кон Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан најави дека САД работат на нов пакет санкции насочени кон Северна Кореја.

Тој истакна дека американската администрација спроведува политика на „притисок и дипломатија“ со цел да се постигне крајната цел за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

– Целта на нашата политиката останува иста како што беше од првиот ден на администрацијата, а тоа е целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Тоа е цел што ја делиме и со Јужна Кореја и со Јапонија, наведе Саливан.

Тој додаде и дека американската администрација е отворена за сериозен и одржлив дијалог со властите на Северна Кореја без никакви предуслови.