понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД со планови за ограничување кинески инвестиции во американски технолошки фирми

САД со планови за ограничување кинески инвестиции во американски технолошки фирми

Министерството за финансии на САД подготвува правила за спречување компании со најмалку 25 отсто кинеската сопственост да купуваат американски компании во „индустриски значајни” технолошки области, објави Волстрит џурнал.

Според извори на весникот, Советот за национална безбедност и Министерството за трговија на САД, исто така, подготвуваат планови за „засилени” контроли за извоз за да се спречат таквите технологии да одат во Кина.

Плановите се очекува да бидат објавени до крајот на оваа недела. Сепак, тие не се конечни и индустријата ќе има можност да ги коментира пред да влезат во сила.

Иницијативите имаат за цел да ги попречат кинеските планови наведени во Стратегијата „Произведено во Кина  2025 година“, која предвидува Кина да стане светски лидер во 10 клучни сектори.

Владата на САД има намера да се фокусира само на нови договори и нема да се обиде да ги прекрши постојните, а планираниот ограничување на инвестициите нема да прави разлика меѓу кинески државни и приватни компании.

МИА