среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД запленија севернокорејски товарен брод

САД запленија севернокорејски товарен брод

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека запленила севернокорејски товарен брод за кој американските власти велат дека е користен за транспорт на јаглен во спротивност со меѓународните санкции.

Истиот брод Индонезија го задржа минатиот месец со дваесетина членови на екипаж.

Ова се случува во екот на тензиите меѓу САД и Северна Кореја, неколку часа откако Северна Кореја истрела две сомнителни ракети со краток дострел што беше второ лансирање оружје за пет дена.