сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Салвини: Луѓето како Јункер и Московиси се виновни за крахот на ЕУ

Салвини: Луѓето како Јункер и Московиси се виновни за крахот на ЕУ

Вицепремиерот на Италија и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска ги обвини европските комесари за уништувања во Европската унија и се надева дека изборите за новиот европски парламнент, што се одржуваат следната година, ќе донесат нова политичка слика на ЕУ.

– Луѓе како што се (Жан-Клод) Јункер и (Пјер) Московиси ја уништија Европа и нашата држава, изјави Салвини на прес-конференција во Рим.

Тој се надева дека изборите ќе придонесат за проимени одвнатре.

– Ќе се обидеме да ја промениме оваа Европа одвнатре и се надеваме дека изборите во мај идната година ќе ни помогнат во тоа. Ако тоа не се случи, работите ќе бидат многу тешки, додаде Салвини. (МИА)