сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Само 1% од Данците имаат антитела на коронавирусот

Само 1% од Данците имаат антитела на коронавирусот

Околу 1% од Данците биле во контакт со коронавирусот што значи дека постои можност од втор бран на епидемијата, објави данското Министерство за здравство.

Агенцијата која се занимава со надзор на заразни болести објави студија во момент кога данските парламентарци се сложија за нова фаза на отворање на земјата. Од 2.500 Данци одбрани случајно, 1.700 се согласиле да бидат тестирани за да се утврди присуство на антитела. Меѓу нив, само 12 имале антитела на SARS –CoV-2.

Агенцијата нагласува дека станува збор за првични резултати и дека сè уште е невозможно да се каже дали тие резултати се применливи на вкупната данска популација. Експертите сметаат дека резултатите се загрижувачки бидејќи покажуваат дека Данска би можела да биде на удар од втор бран.

„На колективно ниво немаме отпорност и тоа значи дека постои потенцијал за повторно избивање на епидемијата“, изјави Јенс Ландгрен, специјалист за заразни болести.

Според бројките, во Данска до 20 мај имало 11.315 заразени и 554 смртни случаи.

Пратениците во земјата се сложија за нова фаза на омекнување на мерките. Градинките веќе се отвораат, а децата се вратија во основните училиштата, но со строги мерки за социјална дистанца и хигиена.

Средните училиште се отворија оваа недела, откако парламентот даде зелено светло за отворање на музеите, киносалите и зоолошките градини.