Само три проценти од храната извезена во склад со договорот за извоз на жито од црноморските пристаништа отишле во најсиромашните земји, додека повеќе од 50 проценти се извезени на Запад, соопштило Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
„Државите кои се најзагрозени, како што се Сомалија, Етиопија, Јемен, Судан и Авганистан добиле само три проценти од извезените житарки, во главно од Светската програма за храна“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува „Reuters“.
Откако Русија и Украина на 22-ри јули во Турција ја потпишаа Црноморската иницијатива која ја поддржале ОН, од Украина се извезени неколку милиони тони пченка, пченица, производи од сончоглед, јачмен, соја и друго.
Претседателот на Русија, Владимир Путин и разни руски службеници во повеќе наврати истакнувале дека постојат сериозни проблеми во врска со договорот, што е предизвикало страв дека Москва би можела во целост да се повлече од истиот доколку нејзините барања не се исполнат, потсетува британската агенција.
Договорот за извоз на жито од црноморските пристаништа истекува на 19-ти ноември, пренесува „Tanjug“.