сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЕ ЧЕКА ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА ДЕЛЕГАЦИИТЕ: Се е подготвено за почеток на преговорите меѓу Русија и Украина

СЕ ЧЕКА ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА ДЕЛЕГАЦИИТЕ: Се е подготвено за почеток на преговорите меѓу Русија и Украина

Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека сè е подготвено за земјата да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Се чека пристигнување на делегациите, објави белоруското министерство на Твитер, заедно со фотографија од местото каде што ќе се водат преговорите.

-Преговорите ќе започнат штом делегациите ќе пристигнат на местото на средбата, рече Глаз, пренесува РИА Новости.

Русија вчера најави дека разговорите ќе се водат во регионот Гомел во Белорусија, додека во Киев беше кажано дека средбата на двете делегации ќе се одржи на границата меѓу Украина и Белорусија.