САД и Велика Британија се долгогодишни сојузници и нивните силни односи ќе траат, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден, откако британската премиерка Лиз Трус објави дека поднесува оставка.
– САД и Велика Британија се силни сојузници и трајни пријатели и тој факт никогаш нема да се промени, рече Бајден во изјавата, пренесе Ројтерс.
Тој ѝ се заблагодари на британската премиерка Лиз Трус за нејзиното партнерство за низа прашања, вклучително и сметањето на Русија одговорна за војната против Украина.
– Ќе продолжиме тесно да соработуваме со владата на ОК додека работиме заедно за да се соочиме со глобалните предизвици, рече Бајден во изјавата.
Да потсетиме, британската премиерка Лиз Трус денеска поднесе оставка, по 45 дена на функцијата премиер на Велика Британија.